Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди за можна „економска бура“, бидејќи развојот на глобалната економија не ги исполнува очекувањата.

„Проблемот е што гледаме дека економијата се развива многу побавно отколку што очекувавме“, рече директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Минатиот месец ММФ ја намали прогнозата за развој на глобалната економија за оваа година од 3,7 отсто на 3,5 отсто.

Според Лагард, „четири облаци“ се главните фактори кои ја нарушуваат глобалната економија и можат да донесат бура.

– Меѓу овие ризици се тензиите во трговијата и воведувањето на санкции, финансиски проблеми, несигурност околу избувнувањето на Брегзит и забавување на кинеската економија – рече Лагард.

Таа истакна дека трговските тензии, главно во форма на спор околу царините меѓу САД и Кина, веќе имаат глобално влијание. Лагард укажа на ризиците од се повисоките трошоци за позајмување од страна на владите, компаниите и домаќинствата.

„Кога има премногу облаци, потребна е само еден удар на гром за да почне бурата“, додаде Лагард.