Македонскиот народен театар по паузата порад пандемијата на Ковид-19, првата претстава ќе ја одржи бесплатно за медицинските работници кои како што велат во соопштението се „хероите на ова време“.

-На првата претстава, по паузата поради пандемијата, ги покануваме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари – се вели во соопштението од МНТ.

Претставата „Говорна мана“ ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот.

Претставата „Говорна мана“ е работена по текст на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевска, а играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска. А.Р.