Оваа година од 4 до 8-ми септември, во Музејот галерија и седиштето на Фондацијата “80 прашања” , во Ајндховен се одржа фестивал на кој беа прикажани дела од македонски уметници, проследено со културна програма и воедно селектирано претставување на македонски музички исполнители.

Организацијата и реализацијата на овој проект ја изведоа Мартин Ворбиј и Натали Николовска. “Изрази ја својата надеж” е насловена оваа патувачка изложба со театарски перформанс, и започна како комуникационен проект, фокусиран на глобалната свест со името 80 прашања околу светот. Мала пародија на легендарната книга на Жил Верн, “80 дена околу светот” . “Изрази ја својата надеж”, е проект за имагинација, истражување, фантазија и иднина. Веќе 10 години со впечатливиот жолт камион, проектот патува околу светот, прикажувајќи стотици уметнички слики од мал формат, креирани од уметници од разни држави. Сите овие слики имаат една заедничко нешто, ја даваат експресијата на надеж.

Уметничките дела, визуелни и вербални од проектот “Изрази ја својата надеж” /”Show your hope” ги презентира Мартин Ворбиј, артист раскажувач и иницајтор на овој проект. Самиот настап е интерактивен, додека раскажувачот ја води публиката вербално да се запознае со уметничките дела и приказните за надеж, настапува интерактивен дијалог, и самата публика учествува со свои коментари.
“Изрази ја својата надеж” е мобилна изложба, и се претставува пред различен вид на публика, во уметнички галерии, академии, на музички и театарски фестивали, во училишта и на отворен простор.

Секоја година “Изрази ја својата надеж”, создава нова географска селекција, како и во изминатите години во Берлин, Амстердам, Индија или Словенија.
Во периодот од 2013 до 2018, ја посети Македонија, и создаде селекција од 80 уметници од различни генерации, со различен сликарски стил, поканувајќи ги да ја изразат својата надеж во своите уметнички дела.
Првата слика од Македонија е дел од колекцијата на мобилната изложба од моември 2003, автор е Жарко Јакимовски.

-Со нашите патувања низ Македонија ги посетивме Гостивар, Прилеп, Тетово, Струмица, Куманово, Гевгелија, Охрид и Битола. Уметници од сите овие градови учествуваат во проектот. Севкупно во периодот од август 2012 и јули 2018, Македонија ја посетивме 15 пати. На 26 јули, 2013, по повод одбележување на денот на јатастрофалниот земјотрес во Скопје, “Изрази ја својата надеж”, ја имаше својата прва голема изложбао Македонија, и се оддржа во Младинскиот Културен Центар. Беа изложени 80 слики од уметници од цел свет, и 20 уметници од Македонија кои ги предадоа своите дела. Изложбата беше посетена од околу 500-тина луѓе. Потоа организиравме настан во Домот за култура во Гевгелија, во соработка со директорот на домот Миле Ничевски, ни открива уметницата Николовска. Во овој ликовен патувачки караван, свои дела изложуваат уметниците Александра Поповска, Јован Балов, Диме Темков, Јакуп Хајро, Милан Андов, Константин Качев, Забедин Мемиши, Горан Јованов, Александер Станковски, Павле Кузманоски, Илми Садику, Јордан Манасиевски, Натали Кичеец, Елена Ѓоргиевска, Стефан Малбашиќ, Касиопеја Наумоска, Јана Куновска, Билјана Василева, Марија Сотировска, Роберт Пашоски, Веда & Дејан Спасовиќ, Анета Ивановска Симјановска, Денис Тенов,
Мухамед Весели, Наташа Милованчев, Владимир Илиевски, Марија Блажеска, Маја Стефановски, Милорад ‘Шуки’ Стојановиќ, Албина Тефити, Милан Андов, Владимир Боројевиќ, Владимир Кнежевиќ, Оливиер Настески, Симонида Филиповска Китановска, Томе Димовски, Александар Зафировски, Игор Љубовчевски, Жаклина Глигориевска – Кочоска, Константин Кирил, Симе Шентевски, Репат Амети, Натали Николовски, Тони Чатлески, Лара Ларсон, Горан Дачев, Гоца Илиевски, Јана Манева, Наташа Андревска, Наташа Станковска Зафировска, Никола Упевче, Христина Зафировска, Сергеј Дамовски, Владимир Симеонов, Миле Ничевски, Вангел Срнаков, Бурхан Амети, Менсур Бојда, Стојанче Андонов, Милош Коџоман, Димитар Димитров, Кристина Божурска, Гоце Божурски, Илиана Петрушевска, Стефан Хаџи- Николов, Мирослав Масин, Жанета Галевска- Вељаноска, Дејан Иванов, Тања Таневска, Арсим Хасани, Лулзим Исмаили, Валдета Јанузи, Албина Тефити, Фекрије Меази, Аднан Алили, Васко Тасковски, Решат Амети , Искра Беличанка, Жарко Јакимовски, Гордана Винчиќ, Леетив Намдаг Јанчивин, Слободан Живковски, Тома Маневски, Колофон.