Младиот кумановец Мики Дичевски, деновиве застана пред фото-камерата на Стефан Соколовски и направи нова фотосесија, како дел од “Моделс ин”. Новото позирање се одвиваше  по завршување на работното време во ресторанот каде работи како кулинар, “Палас гарден” во Куманово, искористувајќи  го амбиентот за да се фотографира со дел од расположливите ресурси. Овој пат тоа е диско топка, нешто што посебно го фасцинира.
-Љубител сум на музика, љубител сум на забави. Но, со новонастанатата состојба ние се оддалечивме од овие задоволства, и тие засега ни изгледаат толку недостижни. Затоа, овој пат позирав покрај волшебната светкава диско топка, да ги потсетам читателите на убавината и возбудата што ја нуди овој диско симбол, и за поавтентично во црно-бела техника. Останува, до подобри времиња, да слушаме добра диско музика, која ја има во огромни количества, и да се сладиме со добро македонско вино, порача младиот кумановец.