четврток, април 25, 2024
домаМодерна објави дека се загрозени документи за вакцината во сајбер напад

Модерна објави дека се загрозени документи за вакцината во сајбер напад

Компанијата „Модерна“ објави дека одредени документи поврзани со поднесување на нивната вакцина против ковид-19 за одобрување, биле изложени во хакерски напад минатата недела.

Имено, Европската агенција за лекови (ЕМА) беше цел на сајбер напад, а меѓу другото, криминалците пристапија до некои документи поврзани со вакцината на „Модерна“.

ЕМА, која одобрува лекови и вакцини за Европската унија, на почетокот на овој месец соопшти дека биле нападнати нивните сервери, а покрај компанијата „Модерна“, загрозени биле и документите на компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, кои исто така развиваат вакцина за коронавирус.

„Модерна“ рече дека, и покрај нападот, засега не изгледа дека е загрозен идентитетот на кој било учесник во тестирањето за вакцини. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular