Модните додатоци ризик од гушење кај бебињата!!!

Опасностите демнат од сите страни и колку и да не треба секогаш во се да го барате најлошото, некои работи понекогаш навистина знаат да ве изненадат. Останува секој ден да учиме нешто ново

28

Празниците подеднакво се важни и за малите и за големите. И ако мајките сакаат да се дотераат, уште повеќе сакаат да ги дотераат своите девојчиња, притоа без да размислат за можните последици од одреден вид на модни додатоци. А, како што можеме да видиме кај многу мали трендсетерки, големите ленти за коса се многу популарни. Сфатливо е дека тоа е лесен начин да се воведат весели бои и забавни ноти во животот на бебето. Сепак, овие ленти може да предизвикаат сериозни последици. Медицинската сестра Сара, која го води профилот на Инстаграм CPR Kids со нејзината колешка Кејси, предупреди дека носењето на овој моден додаток за најмалите може да резултира со фатални последици откако и самата била сведок на несреќа во супермаркет.

„Една работа што никогаш не би ја ставила на моето бебе се ленти за глава, а истото им го препорачувам и на другите родители. Имено, пред малку пазарев во супермаркет кога видов мајка со мало бебе. Сè што можев да видам беа нозете и телото на бебето, додека покривот на количката го покриваше нејзиното лице“, објасни таа во објавата на Инстаграм. Кога погледнала малку поблиску, медицинската сестра Сара забележала дека бебето беспомошно клоца. „Се наведнав да видам што се случува со бебето, а она што го видов едноставно ме шокираше. Имено, лентата за глава на бебето и се лизнала и и ги блокирала носот и устата, а лицето и добило темно виолетова боја. Се гушела. Во истата секунда истрчав до нејзината мајка, го тргнавме завојот и слушнавме само силен плач“, рекла медицинската сестра, додавајќи дека мајката на девојчето била во уште поголем шок.

„Таа не мислеше дека тоа може да се случи. Плачеше и рече дека никогаш повеќе нема да стави лента за глава на своето бебе“, додаде Сара, која сега се обидува да ги предупреди другите родители да избегнуваат да ги користат популарните ленти за глава. „Само едноставно вртење на главата или кое било движење може да ја отстрани лентата за глава, што може да предизвика вашето бебе да се задуши, особено ако се без надзор или додека спијат”, нагласува таа.
Можеме да се заклучи дека лентите за коса се само уште еден небезбеден додаток за мало дете, особено во креветче. Исто како постелнината или плишаните животни, лентите за коса треба да се отстранат пред бебето да оди на спиење поради ризикот од гушење. Покрај тоа, родителите треба да се потрудат да го надгледуваат детето додека ја носат лентата на глава бидејќи таа може да се лизне во секое време.

Подготви: А.Накова