четврток, април 25, 2024
домаНасловнаМожност да се избегне карантин: На аеродром нудат брзи тестови за Ковид...

Можност да се избегне карантин: На аеродром нудат брзи тестови за Ковид за 139 евра

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ им нуди на патниците тест за корона вирусот на аеродромот во Франкфурт, за што тие ги добиваат резултатите во рок од неколку часа, за да избегнат карантин.

Авиокомпанијата ги здружи силите со германската компанија „Centogene“, која во понеделникот отвори центар за брзо тестирање на аеродромот, за кој рече дека ќе биде „нацрт за отворање на меѓународните граници“, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

„Оваа процедура треба да им даде можност на патниците да бидат тестирани на летовите во странство или при престој во Германија, за да избегнат карантин“, рече Бјерн Бекер, директор на „Луфтханза“, пренесува Танјуг.

Тој додава дека за патниците од Германија во земји како што се Обединетите Арапски Емирати, тестот пред летот ќе биде доволен, додека кинеските власти може да бараат дополнителен по слетувањето.

„Луфтханза“ најави дека ќе разгледа понуда на слична услуга и во Минхен.

Патниците на „Луфтханза“ кои сакаат да ја користат услугата на „Centrogene“ на аеродромот во Франкфурт, ќе треба да платат до 139 евра за брз тест и дополнителни девет евра за да го поврзат проверениот резултат со податоците на нивните пасоши.

Побавен тест, кој дава резултат за шест до осум часа, е достапен за 59 евра, наведува ФТ. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ