четврток, април 25, 2024
домаЖивотМонтажната болница ставена во функција

Монтажната болница ставена во функција

Поради големиот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, веќе е ставена во функција и монтажната болница. Во неа веќе се хоспитализирани три пациенти.

„Во следните седум дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, и затоа овој бран и наплив во болниците треба да се издржи затоа што кажав дека има план кој веќе се спроведува, после овој период се очекува намалување на бројот на хоспитализирани пациенти“, истакна министерот Филипче.

Но, не е проблем само просторот, како што патем кажа и министерот Филипче на денешната прес конфеернција, туку и персоналот. Има голем број на здравствени работници кои се во самоизолација, како и заразени.

Во моментов хоспитализирани се 330 пациенти а според Филипче капацитетите се далеку од исполнети. Отворена е монтажната болница како помошно одделение на Инфективната клиника, во Градската болница има околу 250 слободни кревети а на инфективните одделенија во внатрешноста на државата има доволно кревети. Она на што сега се работи е поддршка и дополнување на медицискиот и техничкиот кадар и персонал за да може да има ротација и одмор.

Од вчера на ротација и помош во Скопје на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“ пристигнаа вкупно 54 доктори и медицински сестри. Тие веќе почнаа да работат, со што е намален притисокот којшто го имаше во изминатите денови. Веќе е направен план и за следни ротации и прераспределба на кадар, како од клиниките, така и од сите болници и здравствени домови од земјава.

Н.Д.

RELATED ARTICLES

Most Popular