Две лица се повредени во пожар во деловниот центар Гранд Сетун Плаза во западна Москва, јавуваат руските агенции. Околу 120 се евакуирани, а 11 се спасени со помош на специјални уреди, изјави за агенцијата ТАСС извор од Министерството за вонредни ситуации.

Околу 20 луѓе останале во зградата, изјавија од Брзата помош за ТАСС. Агенцијата наведува дека е можно во зградата да има уште заробени лица и дека се во тек претреси. Според Министерството за вонредни состојби, пожарот е локализиран.

Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 340 луѓе и околу 100 единици опрема, вклучително и три хеликоптери. Министерот за вонредни ситуации Александар Куренков е на местото на пожарот.