Активистите кои изминативе години се борат против рестарирање на рудникот Иловица, најавуваат мирен протестен караван со патнички моторни возила, низ улиците на град Струмица, во сабота 27 јуни 2020 година од 13.00 – 15:00 часот.

Со метафоричен наслов на настанаот и упатувајќи порака дека Вишиот Правен суд треба да ја поправи грешката направена од страна на Управсниот суд – УПРАВНИОТ СУД ЈА ИСКРИВИ, ВИШ УПРАВЕН ДА ЈА ИСПРАВИ! укажуваат дека очекуваат нова одлука на жалбата на Управен суд, со која Одлука им се дозволи на Еуромакс Ресурси да продолжат со активностите.

Сите они екои сакаат да им се придружат организаторите информираат дека собирањето за протестниот караван ќе биде на сервисната улица кај Агрокор (кај Шумското). Организаторите ќе бидат таму во 12:00 часот, но самиот протестен караван ќе започне во 13:00 часот, откако ќе дојдат останатите протестирачи со своите автомобили за да бидат распоредени во двата каравани со посебни рути.

Цел и барање од оваа протестно движење ќе биде:

1) Изразување незадоволство од пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката на Второстепената комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот Еуромакс Ресурси

2) Изразување незадоволство од несоодвтниот ангажман на јавното правобранителство во случајот со Управниот суд

3) Изразување незадоволство и предупредување до државните институции и Управниот суд да не си играат со судбините на граѓаните во Струмица и Струмичко

Управниот суд во време на вонредна состојба, кога патем сите активности беа сопрани, донесе пресудата со која се поништува одлуката на Второстепената комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот Еуромакс Ресурси. И што беше уште понеобични пресудата со денови ј акриеше од јавноста, а активистите за истите дознаа од канадска веб страница, од каде е компанијата Еуромакс Ресурси.
А.Н.