“Мојот и твојот непребол” е насловена изложбата која денес беше поставена во Спомен домот на Тоше Проески во Крушево, од авторката Снежана Лазарова Луна.

Денес, 21 април е денот кога се навршуваат 10 години од отворањето на овој музеј, кој нѐ потсетува на македонската легенда и непребол, Тоше Проески.

Овој јубилеј денес беше чествуван и со пригодна музичка и доделување награди, но и на ваучери на социјално ранливи категории.