Со нив го започнуваме или го завршуваме денот и знаеме дека кафето и чајот ни помагаат да се разбудиме, да се раздвижиме или да се релаксираме. Во однос на количината на антиоксиданси кафето е на прво место, пред црниот и зелениот чај, црвеното вино и какаото!

Иако за овошјето и зеленчукот сите знаеме дека се одличен извор на антиоксиданси, често забораваме на кафето. Според некои истражувања, кафето обезбедува висок процент на дневен внес на антиоксиданси за оние кои немаат навика да консумираат свежо овошје и зеленчук. Како е ова можно?

Нашето тело ги апсорбира и користи сите позитивни состојки од кафето, благодарение на неговата висока биодостапност. Важно е да внесуваме антиоксиданси од природни извори – храна и пијалаци кои ги содржат, а во кои го вклучуваме и кафето. Во однос на квантитетот на антиоксиданси кафето е на прво место, пред црниот и зелениот чај, црвеното вино и какаото.

Кафето е природно богато со антиоксиданси, а антиоксиданс во кафето со најголема оксидативна моќ е хлорогенската киселина. Сировото кафе е еден од најголемите извори на хлорогенска киселина, еден од најмоќните антиоксиданси.

Антиоксидансите во кафето се активни соединенија кои во нашиот организам се однесуваат како „фаќачи на слободните радикали“ и така го зголемуваат неговиот природен капацитет. Редовна и соодветна доза на антиоксиданси придонесува за зачувување на здравјето, забрзување на метаболизмот и за заштита од задржување течности со елиминирање на токсините од телото.

Има малку храна и пијалоци кои ги внесуваме во нашето тело без да придонесеме за зголемување на телесната тежина. Кафето е најсоодветно во таа смисла, бидејќи има многу позитивни ефекти за нашето тело.