МТСП по вчерашната прес конференција излезе со појаснување во однос на мерката за родителите на деца до 10 години возраст,вклучени во воспитно образовниот процес,  кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места ,со оглед  дека учебната година е веќе завршена.

Во реакцијата на МТСП се вели:

„На  почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ  донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение ,за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство.

На 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст,вклучени во воспитно образовниот процес,  кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места ,со оглед  дека учебната година е веќе завршена .

Што значи дека мерката за ослободување на родители од работа сеуште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка. Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.“

Она што останува отворено како прашање е што со родителите кои не успеаа да ги запишат децата во градинките пред започнување на пандемијата, а со самото тоа немаа доказ дека децата требале да се запишат или чекале упис во градинка. Како и со децата кои пред пандемијата беа голема група од градинка и се запишаа во прво одделение, но останаа дома поради продолжување на летниот распуст!

Отворени прашања останаа, министерот Филипче за 21ТВ најави дека до почетокот на идната недела ќе има решение и околу овие прашања, но родителите стравуваат дека повторно ќе бидат ставени пред свршен чин.

А.Н.