четврток, април 25, 2024
домаМТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува повик за комисија за избор на...

МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува повик за комисија за избор на необјавен македонски драмски текст

Врз основа на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, објавен од страна на Министерството за култура, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распишува повик за комисија која ќе ги избере текстовите.
Комисијата за избор треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.
Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата contact@mtf.com.mk до 15.2.2023 г.
За дополнителни информации може да се обратите на истата електронска адреса.
Објавениот конкурс на Министерството за култура може да се најде на линкот ТУКА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ