четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаМузички блок во МКЦ

Музички блок во МКЦ

На 5 и 6 ноември во МКЦ ќе се одржат серија на концерти во склоп на дводневниот настан „Музички блок“.

На 5 ноември, петок, ќе настапат „Калата“, „Светлост + Одрон ритуал оркестра“ и „3 Јест“.

„Калата“ е интересен спој на традиционални вокални делници, луди гитарски рифови и беспрекорно фасцинантен источномакедонски ритам и бит, велат од МКЦ.

„Светлост + Одрон ритуал оркестра“ беа селектирани за „МЕНТ“ – Љубљана, а овојпат, по повеќе од една година повторно на сцена, тие промовираат и нова плоча, издание на Скопје џез-фестивал.

Од МКЦ го најавуваат и „3 Јест“ како најновото превозно средство за сонично истражување возено од тројца уникатни инструменталисти од Скопје.

На шести ноември, сабота, ќе настапи српскиот бенд „Роза“, во кој членуваат Дуле, Небојша и Стева. „Роза“ во  минатите децении патуваа на паралелните колосеци на хардкор, панк, постпанк, ноиз, а понекогаш и џез-музиката. Тие ќе настапат заедно со хрватските „Немања“ и македонските „21 век“.

„Немања“ се соник-фанк-диско бенд, а нивниот нов албум „Космик диско“ е одговор на тибетска книга на мртвите. Организаторите нагласуваат дека албумот го слави животот дискотеките во 70-тите и раните 80-ти години од минатиот век, кокетира и со кумбија-звукот, но и со југословенскиот фанк, афробитот и араб-диското зачинето со поп ориентирани текстови.

Македонскиот бенд „21 век“ ќе го промовираат својот последен албум „Си нацртав живот“ љубовно-исповедничка плоча, базирана на вистински настани.

Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор.

Билетите, по цена од 300 денари (за секоја вечер) се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ