foto revistatenis.uol.com.br

Рафаел Надал обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен, но истакна и дека има проблеми со повредата. Шпанскиот тенисер со максимален резултат, со 3: 0 во сетови (6: 1, 6: 4, 6: 2) го совлада Американецот Мајкл Мо, и во следното коло ќе игра против Камерон Нори.

Шпанецот иако задоволен од победата, изјави дека не е задоволен и од здравствената состојба.

„Мојата повреда на грбот не е под контрола. Правам се што можам, видовте дека мојот сервис е поинаков, барам решенија секој ден “, изјави Надал.

Како што истакна, немал добри подготовки за турнирот, но задоволен е со две победи на стартот на Австралија опен.

„Следниот меч го имам за два дена, утре ќе продолжам да се занимавам со грб. Правиме се што можеме за да се чувствувам подобро “, рече Надал.

Проблемите кои ги има се тука поголемиот дел од кариерата на одличниот Шпанец, кој има забележано победи на 20 грен слем турнири.

„Тоа мора да се прифати, се обидувам да се борам колку што можам. Ќе се борам додека сум во можност да ја работам својата работа “, изјави Надал. А.Р.