Џулија Робертс, Џорџ В. Буш, Опра Винфри, Ева Лонгорија и Аланис Морисет се меѓу учесниците во „Повик за обединување“, 24-часовен глобален стриминг за поддршка на луѓето за време на пандемијата на коронавирус. Настанот започнува во 2 часот по македонско време и ќе се емитува на Фејсбук, ЈуТјуб, Твитер, Твич и Линдидин, како и на веб-страницата „Обединет.ус“.
Тие ќе зборуваат, ќе се забавуваат и ќе споделуваат лекции за поддршка на луѓето погодени од пандемијата.

Меѓу другите ѕвезди кои ќе бидат дел од настанот се  и Џенифер Гарнер, Квинси Џонс, Менди Мур, Наоми Кембел, Мартин Шин и многу повеќе.

24-часовниот глобален настан во живо ќе ги покани луѓето од целиот свет да покажат хуманост.

„Ајде ја покажеме солидарност со оние што доживуваат болка, страв, осаменост и тага – и да понудиме надеж и поддршка, бидејќи заедно ја градиме нова иднина“, велат организаторите.

За време на преносот во живо, светските лидери ќе им се придружат на граѓаните од целиот свет во споделување практики, молитви, песни, размислувања и други настапи.
Гледачите исто така ќе можат да донираа – доброволна помош или финансиска поддршка – за борба против коронавирусот.

Американското шоу ќе можете да го следите на линкот подолу.