Готвењето воопшто не мора да биде сложено. Подгответе нешто вкусно со само пет состојки. Велигденските денови оваа година изгледаат многу поразлично од обично, но тоа не значи дека нема да славиме. Појадок или ужина со најблиските може да организирате во секое време и преку видео повик. Притоа можете да „освежите“ со нешто вкусно и интересно. Овој Велигденски фаџ изгледа одлично и лесно се подготвува. Идеален за подготовка заедно со децата.

Време на подготовка: 10 минути (+ 2 часа ладење)

Состојки:

– 400 гр. чоколадо за готвење (коцки)

– 200 гр. млечно чоколадо (коцки)

– 400 гр. кондензирано млеко (конзерва)

– 65 гр. путер или маргарин

– 150 гр. Бони Топ чоколадни бонбони

Начин на подготовка:

Во сад ставете малку вода и поставете го на тивок оган. Врз него поставете друг, помал сад така што дното нема да ја допира водата. Додадете го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека не се растопи.

Откако чоколадото се растопи додадете го путерот, а откако и тој ќе се растопи додадете го кондензираното млеко. Мешајте додека смесата не стане хомогена. Тргнете го садот од огнот, додадете малку сол и промешајте. Потоа додадете го поголемиот дел од Бони Топ бонбоните и добро промешајте ги да се соединат со смесата.

Намрсете четвртаст сад за готвење со димензии од околу 20 х 20 цм со маргарин или масло и обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата во садот за печење и израмнете ја. Украсете ја смесата со остатокот од шарените Бони Топ бонбони лесно притискајќи.

Оставете ја смесата најмалку 2 часа да се излади во фрижидер и потоа исечете ја на коцки.

Добар апетит!

А.Р.