Некаде пред три години отпочнав со пишување на теми од циклусот „Женски приказни“ на text.mk, поврзани со насилство врз жени, со убедување дека тоа е нешто што се случува повремено и инцидентно, и не на (речиси) секоја жена. Ни во сон не можев да претпоставам дека циклусот го завршувам со сознание дека официјалните податоци велат дека на Балканот секоја четврта жена е жртва на семејно насилство, а неофицијалните податоци велат дека во Македонија за жал секоја трета, односно секој втора. Преку различни животни и искуствено исповеди на жени кои ми зборуваа анонимно на оваа тема, сфатив дека  мнозинството жени имаат нарушено здравје само поради лошиот живот и психичкото и физичкото насилство кое го трпат, а за кое главно молчат и пред најблиските.

Насилството не е од денес. Ни од вчера. Ниту пак ќе заврши утре. Многу одамна е, и за жал продолжува. Но, еве уште еднаш да прочитаме низ архивите, како е општо дефинирано насилството, и неговите најчести форми. Прва дефиниција е дека, насилството во семејство е однесување со кое еден член на семејството го загрозува телесниот интегритет, душевното здравје или спокојството на друг член во семејството. Насилството во семејството е поим кој обично се однесува на насилство меѓу сопружниците или сопружничко злоставување, но исто така може да се однесува и на невенчани интимни партнери или едноставно луѓе кои живеат заедно. Насилството во семејство е феномен кој е присутен во сите земји на светот и во сите култури  меѓу луѓе од сите раси, и, етничките, верските, политичките и сексуалните определувања, општествени културни нивоа и полови можат да бидат основа за насилство во едно семејство.

Свртување на внимание на јавноста на насилство во семејство почнало со појавата на женското движење, особено со феминизмот и движењето за женски права, во седумдесеттите години на 20. век, чија главна преокупација била решавање на проблемите на претепуваните жени, чии агресори биле нивните мажи.
Свеста за тоа што е семејно насилството, како и сфаќањето и документирање на овој престап се разликува од земја до земја, а кај нас е се уште на мошне ниско ниво. Се проценува дека во САД и Велика Британија само третина од случаите на семејно насилство се пријавуваат во полиција. Кај нас речиси воопшто и не се пријавуваат. Останува зад затворени врати. Се премолчуваат. Иако апелираме-Не молчи, пријави насилство!
Но, многу жени се и разочарани од слабата законска и практична заштита од државата. А трпат физичко насилство.
Физичкото насилство подразбира примена на физичка сила врз друга личност, односно жртва, која најчесто е во форма на удирање, шамарење, гребење, шутирање, тргање за коса, туркање, поттиснување, давење, нанесување посекотини, спречување на движење. Физичкото насилство подразбира постоење намери и желба кај напаѓачот да повреди друго лице.
Физичкото насилство има за цел на таков начин да се воспостави контрола над друго лице, да се казни или да му се нанесе физичка повреда или болка. Физичко насилство се повторува и според статистиките, нападот и сериозноста на повредите  при секој следен напад се поголеми. Затоа се апелира да се прекине, односно воопшто да не се почнува со семејно насилство.
Хетеросексизам е исто така една од појавите за психички притисок врз жените. Имено, тоа е верување дека личностите со сексуална ориентација поинаква од хетеросексуалната (маж-жена) се девијантни, абнормални или инфериорни во однос на хетеросексуалците и обично се манифестира како општа предрасуда, слична на  расизам. Може да одведе кон силно изразен стеав, омраза или акт на насилство кон тие личности, посебно кога културната или општествената клима е таква да поттикнува хетеросексизам.
Семејно насилство во лезбејски односи или партнерски насилство во лезбејски односи е модел на насилно и присилно однесување во женските истополови односи во кои лезбејката или другата нехетеросексуална жена, тежнее кон тоа да ги контролира однесувањето и мислите на својата женска партнерка, која често завршува и со тепање. Се сеќавам дека во почетокот на деведесеттите години осамна шокантен текст во кој неколку анономни лезбејки тврдеа дека во Македонија бројот на лезбејки е голем, особено во Охрид и во Скопје, дека луѓето најчесто за нив мислат дека се другарки кои се дружат, и дека љубомората е многу силен елемент во нивните врски, така што често се тепаат заради неверство, сомнеж или флерт со друга девојка. Оттогаш, досега, поминаа три децении, но медиумите не го потврдија ниту негираа овој текст. Единствената лезбејка која јавно се декларираше, на пример, не седна да зборува пред мојот диктафон за насилство врз жените лезбејки, затоа што, рече досега во Македонија лично таа немала проблем ни од машко ни од женско, но вербално, ни физички била нападнаа, затоа што е лезбејка. Деновиве пак во демократската Англија во трамвај беа претепани во метро две жени Меланија и Крис, кои се бакнувале, од група машки, што значи дека и во поразвиените и послободни земји кон лезбејство се уште има предрасуди.
И сексизмот е нов облик на притисок врз жена. Инаку, по дефиниција сексизам е термин кој означува дискриминација на спротивниот пол (најчесто женски) и стереотипно гледање на мажите и жените на основа на полови карактеристики. Овој термин се појавил во првата половина на 20. век за да го означи верувањето или ставот дека еден од половите е инфериорен, помалку способен и со самото тоа помалку вреден во однос на другиот пол. Исто така, може да се однесува и на омраза или предрасуди кон било кој пол (мизогинија, односно омраза спрема жените, како и мизандрија, односно омраза спрема мажите).
Занаетски сексизам е уште понов термин. Се однесува на дискримонаторски пракси, изјави или притисок на работни места, засновани на полот на личноста. И овој вид е доста застапен. Исто така е утврдено дека наспроти фактот дека сите земји членки на ОЕЦД, вклучително и САД, воспоставија закони против дискриминација, но тие закони тешко се применуваат.
Некогаш жените биле апсени за својот активизам, денес постојат многу начини да се искаже свое мислење, став, случка и да се бориш за своите права. Многу работи позборуваме, за некои допрва, во некоја прилика. Она што како прашање за крај го оставам до жените кои го следеа овој серијал, нека биде-што мислите, дали жените како жени,  повеќе се жртви на насилство од хетеро мажи, или од хомосексуалци?
Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDPТекстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP