четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеНаскоро сами ќе проверуваме дали има бактерии во храната (ВИДЕО)

Наскоро сами ќе проверуваме дали има бактерии во храната (ВИДЕО)

Има малку методи со кои може да се спречи труење со храна, бидејќи за тестирање на штетните бактерии, како што се ешерихија коли и салмонела, е потребна специјална опрема, а за резултатите треба да се чека и до два дена.

Научниците од Универзитетот Масачусетс Амхерст развија апликација за паметни телефони која ги предупредува корисниците ако има бактерија во храната. Со помош на апликацијата, резултатите од присуството на патогени бактерии пристигнуваат за само неколку минути. Уредот користи чип обложен со хемикалии, кои може да се врзат со најмалата присутна количина на бактерии. Апликациите, исто така, вклучуваат употреба на додаток – микроскоп, чија цена е 30 долари.

Во видео материјалот кој покажува како функционира апликацијата, научниците со вода го мијат  потенцијално контаминираниот производ, а потоа го ставаат чипот во вода. По половина час, микроскопот кој може да се додаде на било која камера на паметните телефони, на екранот покажува дали има бактерии.

Научниците додаваат дека оваа технологија се уште е во развој, бидејќи не е во состојба да разликува штетни од добри бактерии. Тие продолжуваат да работат на нивниот пронајдок со цел да пронајдат техника која ќе може да открие специфични видови на бактерии.

Иако нивниот уред е неколку години далеку од излегување на пазарот, на Универзитетот Масачусетс Амхерст истакнуваат дека неколку прехранбени компании покажале голем интерес за нивниот пронајдок, пренесе „Телеграм.хр“.

Научниците се надеваат дека нивниот уред ќе се користи во многу домаќинства, како превенција од конзумирање контаминирана храна. Апликацијата потенцијално ќе најде голема примена во случај на природни непогоди, каде што може да се користи за проверка на квалитетот на водата за пиење.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ