Откриен е нодуларен (чворест) тумор на долниот дел од ногата на диносаурус кој живеел пред 76 милиони години. Кога научниците во 1989 година откриле фосил од роговиден диносаурус во канадската провинција Алберта, тие забележале значително деформирана коска на ногата и пертпоставиле дека станува збор за заздравена фрактура.

Новата анализа покажа нешто друго, објавија научниците. Малформацијата е всушност остеосарком, агресивен карцином на коските, така што овој центросаурус, кој живеел пред 76 милиони години, е првиот познат примерок на диносаурус кој страдал од малигна болест, пишува Хина.

Нодуларен тумор

Долг околу шест метри, центросаусот бил четириножен тревојад, кој имал долг рог над носот и коскен обрач над вратот со два помали криви рогови.

„Потенката коска на долниот дел од ногата содржеше огромен нодуларен тумор поголем од јаболко“, рекол палеонтологот Дејвид Еванс од Ројал Онтарио музејот во Торонто и еден од авторите на студијата објавена оваа недела во „Лансет онкологија“.

„Тој центросаурус бил веројатно слаб и изнемоштен поради ракот пред да умре. Ова извонредно откритие открива дека без разлика колку биле големи или моќни, диносаурусите биле жртви на многу од заболувањата што ги гледаме денес кај луѓето и другите животни, вклучувајќи го и карциномот. Диносаурусите делуваат како митски суштества, но ова се животни кои живееле, дишеле и страдале од ужасни повреди и болести “, додал тој.

Бидејќи повеќето тумори се јавуваат во мекото ткиво кое не се претвора во фосил, има само спорадични докази за тумори на фосили.

„Овој наод укажува на биологијата на туморот. Тоа не е нешто ново, но веројатно се случува уште од античко време и е очекувана компликација кај сите животни“, вели авторот на студијата Др. Марк Краутер, професор по медицина, патологија и молекуларна медицина на Универзитетот МекМастер во Онтарио.

Туморот се шири на коскеното ткиво

„Остеосаркомата главно се јавува кај коските што растат брзо и се јавуваат кај деца и млади. Веројатно е дека диносаурусите исто така биле изложени на ризик затоа што растат енормно брзо“, додал Кроутер.

Туморот ја уништува коската и може да се шири на други ткива, вели Краутер. Кај луѓето, третманот се состои од хемотерапија и операција што понекогаш вклучува ампутација.

Научниците потврдија дека станува збор за тумор со употреба на ЦТ со висока резолуција и проучување на мали парчиња коска под микроскоп.

„Не само што бевме во можност да покажеме дека коскеното ткиво ги има сите карактеристики на остеосаркома, туку и дека туморот се шири преку цврсто коскенско ткиво, што укажува на неточност на оригиналната дијагностика на заздравена фрактура“, вели Еванс.

Рак, на крајот на краиштата, не може да го убие центросаурусот. Неговите коски биле пронајдени покрај коските на стотици други центосаури кои сугерираат дека тој починал во стадо кое е веројатно погодено од поплавите, заклучува Еванс.

Поради ракот, ова животно би можело да биде потешко подвижно и со тоа да стане мета на големи грабливци како што се горгосаури и дасплетосаури, но животот во стадото можел да обезбеди заштита, па затоа успеал да избегне напади од големи предатори. А.Н.