Организацијата „Извидници на Америка“ (Boy scouts of America) постои 110 години и, по бројните обвинувања за сексуално злоставување низ целата земја, поднесе барање за банкрот

Американската организација на извидници (The Boy scouts of America -BSA) ќе се соочи со најмалку 92.700 пријави за сексуално злоставување, изјави еден од адвокатите на жртвите.

Џил Гејл (58), кој живее во Лос Анџелес, но пораснал во Алабама, изјави дека двапати бил злоупотребуван како извидник во текот на 1970-тите. Тој оцени дека бројот на луѓе што се појавуваат покажува дека постои свесност за тој проблем во БСА. Гејл исто така верува дека овој проблем ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе спречи други деца да бидат злоупотребени, пренесува „Си-ен-ен“, а јави Танјуг.

Гејл вели дека напорно работел обидувајќи се да им помогне на жртвите и истакнал дека сака да се јават што повеќе мажи кои биле злоставувани.

Еден од адвокатите, Ван Арсдејл, рече дека комуницирал со илјадници жртви на злоупотреба.

– Врз основа на она што го слушнавме од жртвите, сексуалното злоставување беше ритуал сличен на другите задачи каде што децата мораа да извршуваат одредени должности за да ги стекнат посакуваните значки за заслуги – рече Арсдејл.

Организацијата „Извидници на Америка“ (Boy scouts of America) постои 110 години и, по бројните обвинувања низ целата земја за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот за да избегне директна исплата на штета и истовремено да овозможи нејзина исплата од фондот за компензација.

Кога го поднесе барањето за банкрот, БСА соопшти дека е револтирана бидејќи имало случаи кога поединци ја користеле програмата за злоупотреба на невини деца. А.Р.