Институтот за јавно здравје во попладневните часови информираше за уште едно почиато лице во текот на попладнето, со што вкупниот број на починати во последното деноноќие се искачи на 6 лица. Последното починато лице е маж на 45 години од Скопје.

ИЈЗ ја објави кумулативната состојба со корона вирусот во РСМакедонија. Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: најмногу во Скопје (n=254), Куманово (n=128), Дебар (n=49), Прилеп (n=34), Тетово (n=29), Струга (n=28), Штип (n=20), Кочани (n=17), Велес (n=10), Битола (n=6), Радовиш (n=4), Гевгелија (n=4), Гостивар (n=4), Охрид (n=3), Крива Паланка (n=3), Кавадарци (n=2), Струмица (n=2) и Крушево (n=2).

06.04 (1)

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 89,7, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Кочани, Штип, Прилеп и Струга.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 287 машки и 312 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 27,7/100.000, додека кај женските 30,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години, додека најголем број на заболени се на возраст меѓу 50-59 години – 129 (21,5%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 46,4/100.000.

Од пријавените случаи, 23,0% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,0%), кашлица (60,9%), слабост (34,3%), треска (19,7%), главоболка (17,5%), болка во грло (17,3%) и отежнато дишење (16,5%), а 181 лице е/било без симптоми.

Во однос на коморбидитети, кај 167 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 115 лица имаат кардиоваскуларна болест, 33 со дијабет, 33 лица се со хронична белодробна болест, 10 со хронична бубрежна болест и 23 со други хронични болести.

Регистрирани се 69 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 534 лица се активни случаи, 30 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистриран е 27 смртен случај (Лт = 4,5%).

Од вкупниот број на случаи, 74 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 365 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).

Од 15.02.2020 до 06.04.2020 тестирани се вкупно 5.879 материјали (599 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.143 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).

Н.С.