четврток, април 25, 2024
домаНајмалку девет лица загинаа во пожар во романска болница

Најмалку девет лица загинаа во пожар во романска болница

Најмалку девет лица загинаа во пожар што избувна утрово во болница во романскиот град Констанца, соопштија властите.

Сите пациенти се евакуирани од болницата за заразни болести и пожарот е изгаснат, соопшти романската агенција за вонредни ситуации.

Министерството за здравство соопшти дека во болницата биле сместени 113 пациенти, од кои десет биле на интензивна нега.

Во Романија избувнаа смртоносни пожари во уште две болници во изминатата година, што го постави прашањето за дотраената болничка инфраструктура во земјата.

Во пожарот што избувна во единицата за интензивна нега во Пјатра Неамт во ноември 2020 година, загинаа десет луѓе, додека пожарот во јануари однесе најмалку пет животи во болницата во Букурешт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ