Фото: Profimedia

Најмалку осум лица ги загубија животите во поплавите што ги погодија Њујорк и Њу Џерси поради рекордни врнежи, а за првпат во историјата беше издадено предупредување за поплава во Њујорк. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио прогласи вонредна состојба по дождот, откако ураганот Ида предизвика поплави во градот. Вонредна состојба е прогласена и во државата Њујорк.

Во Централ Парк во Њујорк, за само еден час наврнале 80 милиметри дожд на метар квадратен, што е најголемата количина досега забележана на таа локација. Рекордот досега беше 39 милиметри, а регистриран е во 1927 година. Податоците за количината на врнежи во Њујорк се чуваат од 1869 година.

Сообраќајот е забранет во Њујорк и само приоритетните возила можат да бидат на улица, а метрото е прекинато бидејќи водата навлезе во повеќето станици.

Американската управа за океани и атмосфера соопшти дека врне дожд еднаш на секои 500 години.

Во серијата твитови, Де Бласио побара од жителите да се држат подалеку од градските улици, наведувајќи дека околу 5.300 домаќинства останале без електрична енергија.

„Сведоци сме на историски временски настани со рекорден дожд во градот, поплави и опасни услови на нашите патишта“, изјави меѓу другото де Бласио.

Брза помош ги евакуира луѓето од подземната железница во Њујорк, бидејќи дождот предизвика голема количина вода да навлезе таму, пренесува „Си -Ен –Ен“.

На граѓаните им се советува да не користат метро, ​​чии линии се ограничени, како и сообраќај со автобуси.

Според „Си -Ен –Ен“, Американската тениска асоцијација се обидува со властите на Њујорк да организира безбедно заминување на навивачите од УС Опен. А.Р.