Сабота од 20 часот во рамките на Бела Ноќ во МКЦ ќе се одржи ретроспективна изложба со досега необјавени дела на Димитар Младеновски во разни техники. Ќе има и добра музика и краток рецитал на негова поезија. Изложбата ќе биде отворена само неколку дена. Граѓаните се поканети да ја погледат изложбата и да ги почитуваат мерките и протоколите за следење на изложбите во услови на Ковид 19 (маска, дистанца, ограничен број на присутни, дезинфекција).

В.Г. Парго