Познатиот музичар, инструменталист и автор, Блаже Блаж Маротов на својата публика денес и го честиташе празникот, со неговото најново музичко дело, обработката на песната “Дејгиди луди млади години”, чија промоција е токму денеска, на најголемиот христијански празник Велигден, на Македонската телевизија.

Тој изразува задоволство од песната и спотот што го сними.

-Песната е дел од албумот “Класика М”, снимена во студио БиМ. Гости на проектот се моите ценети пријатели и другари, Милан Завков – мојот кум, Илија Филиповски – кум на мојот син , Александар Тренкоски,Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова.

Продукцијата на видео записот е на “Валови”, а во него учествуваат и дечињата Габриел, Лео, Луна. При изборот на песни во мојот циклус “Класика М” повеќе се држам до убави македонски песни, кои и мене ми се при срце. И “Дејгиди…” е една од тие. Многу сум среќен за оваа обработка, при снимањето на видеото, а и воопшто, имавме многу убава енергија, која се чувствува и во самиот видео запис. Уште посреќен сум што претставувањето на оваа песна и спот се совпаѓа со големиот македонски празник Велигден, а официјалната промоција беше денеска на Македонската телевизија, посебна благодарност до уредништвото во МТВ. Благодарност и до сите други медиуми за целокупната поддршка, телевизиите ќе имаат можност да го имаат мојот запис аудио-видео, и секако повеќе да позборуваме во мое лично присуство, за оваа бесценета песна, која јас ја преработив, вели Маротов, и воедно најавува и нови преработки.

-Поздрав и до сите пријатели низ светот, бидејки, свои луди млади, но и сегашни и идни мигови, и години, од својот живот, имаме сите, и се надевам дека секој, преку мојата изведба на песната, ќе се присети повеќе на себе, на своето минато, сегашност и иднина, Ве сака ваш Блаж Маратов, порачува музичарот. В.Ѓ.