Фото:ТЕХТ.МК

Од билтенот на МВР има информација дека сестра на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје била нападната од доктор, вработен во истата клиника. Имено, вработена (29) во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ во Скопје, додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од доктор вработен на истата клиника, вчера утро нешто пред 6 часот. Во информацијата се вели дека станува збор за напад извршен од страна на 33 годишен охриѓанец вработен како доктор.

Од МВР информираат дека е направен записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, информира МВР, од Министерството за здравство, пак, се уште нема реакција.

А.Н.