Денешната одлука за затворање на индустриските капацитети во Ресен говори за одговорниот однос на локалната самоуправа, но дали е тоа доволно прашуваат рсенчани. Жителите на Преспа кои до 10 јуни немаа ниту еден позитивно регистриран на корона вирусот, за да за само во последниве 4 дена, по прво регистрираниот таа бројка да порасне на 20 заразени и еден починат. Ресенчани кои последни ја почуствуваа силината на вирусот стравуваат дека само затворањето на компаниите не е доволно и бараат карантин за градот, по примерот на Дебар.

Но, министерот за здравство, Венко Филипче одговори дека не е предвиден карантин за Ресен, бидејќи се превземени соодветни мерки за заштита од трансмисија на вирусот со затворање на индустриските капацитети. Тој исто така кажа дека во Ресен има еден кластер и сите регистрирани доаѓаат од тој кластер. За разлика од него граѓаните на Ресен тврдат дека заболените не потекнуваат од ист кластер, особено не заболениот бербер, како и семејството од каде е регистриран првиот починат.

Н.Д.