четврток, април 25, 2024
домаНасловнаНа скопскиот аеродром пристигна донација од еден милион заштитни маски од Чешка

На скопскиот аеродром пристигна донација од еден милион заштитни маски од Чешка

Еден милион заштитни маски – донација од Република Чешка, како помош за нашата земја во справувањето со КОВИД-19З пристигна денеска на скопскиот аеродром и беше примена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава.

Османи изрази благодарност до Амбасадорот Томан, до Владата на Чешка, но и до целиот чешки народ за оваа поддршка, која доаѓа во вистинско време и за вистинска намена-борба против КОВИД-19.

-Оваа денешна донација не само што ќе ни помогне поефикасно и поуспешно да се справиме со КОВИД-19, туку истата претставува симбол на европската солидарност која нѐ прави посилни, нѐ охрабрува дека не само што ќе ги победиме овој корона вирус и оваа епидемија, туку дека ќе излеземе од оваа криза пообединети, посолидарни, со еден збор посилни – истакна Османи.

Во овој контекст тој додаде дека кога постојат вистински пријатели и солидарност секоја криза полесно се надминува, а доказ за тоа е вчерашната иницијатива на Европската Комисија “Тим Европа” (Team Europe) пакет од 20 милијарди евра за поддршка на партнерите на ЕУ вклучително и за нас и за останатите земји од Западен Балкан.

-Како земја која преговара претходно добивме пристап и до Европскиот солидарен фонд, до заедничка јавна набавка на медицински материјали и опрема, како и пристап до цивилниот фонд за кризи” – нагласи Османи, укажувајќи на придобивките од напредокот во европските интграции и во справувањето со оваа криза.А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ