Нема кој не заспивал со цртаните филмови „Том и Џери“ или кој не бил „уценуван“ да јаде спанаќ, ако сака да биде силен како „Попај“…Цртаните филмови кои го одбележаа детството на оние родените во шеесетите години од минатиот век, па се до денес…

А, таткото на овие анимирани ликови, Џин Деич почина денеска на 95 години. Како што објавија неговите синови, тој со сопругата и трите синови од претходниот брак живеел во Прага. Сите негови синови следеа по стапките на нивниот татко и станаа илустратори и аниматори. Веста ја потврди неговиот чешки издавач, Петр Химел, пренесува Дејли Меил.

Деич, чие полно име беше Јуџин Мерил Деич, има режирано 13 епизоди на неговиот омилен детски цртан филм „Том и Џери“ и неколку епизоди од серијалот „Попај“.
Сите негови синови отидоа по стапките на нивниот татко и станаа познати илустратори и аниматори.

Тој е роден во Чикаго во 1924 година. По кратката воена кариера, тој брзо станува препознатливо име во светот на анимациите и почнал да добива бројни признанија. Иако има работено на бројни цртани филмови и анимации, најпознати ликови му се Попеј и Том и Џери.

Неговиот филм Мунро од 1960 година ја доби наградата на Академијата за најдобар анимиран краток филм.

Ал.Н.