Националната галерија ги поканува сите деца од сите страни на светот да учествуваат во најновиот ликовен онлајн проект насловен како „Го сакам мојот роден крај “. Во проектот можат да земат учество сите деца кои живеат во некоја странска земја, кои не се со постојан престој во Македонија и кои оваа година не се во можност да дојдат во посета. Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4-17 год. Темата и мотивот на ликовниот проект треба да биде врзана за се она што ја одбележува Македонија, нејзината култура и традиција, посочуваат од НГМ.

На конкурсот може да се достават секаков вид уметнички дела, нема ограничување во поглед на креативните техники. Со помош на дигиталните медиуми ќе може да се праќаат детските креации и пораки за се она што децата ги врзува со родниот крај.

-На свој ликовен јазик покажете го богатото минато на Вашите претци, зголемувајки го националното чуство и сплотувањето на многуте деца од сите страни на светот со заеднички корен. Вашите креации може да ги доставите на marketing.ngm@gmail.com или да ги објавите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, притоа тагнете ја Национална галерија и во објавата употребете го хаштагот на проектот „Го сакам мојот роден крај “ – #ГоСакамМојотРоденКрај. Испратените слики, цртежи, видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Националната галерија, Фејсбук и Истаграм. Учествувајте и следете не! – порачуваат од НГМ. А.Р.