Во понеделник, на 31 август 2020 година, во Кинотека на Македонија е закажана премиерата на новиот документарен филм „Небо –Точак – Земја”, во продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7, финансиски подржан од Филмски фонд на Р. С. Македонија. Режијата е на Коста Марковски, сценариото е на Зоран Димов и Рамуш Муарем –Цирко, производство 2020 година, времетраење 59 минути.

Едно битно прашање? – Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите? – Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик? – Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен? – Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ? Филмот не запознава од друг агол со најпознатите Роми Научници – Нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти… (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин, Рита Хејворт, Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други.

В.Г. Парго