четврток, април 25, 2024
домаНедела на албански филм во Кинотеката од 21 до 26 октомври

Недела на албански филм во Кинотеката од 21 до 26 октомври

Од 21 до 26 октомври во Кинотеката ќе сеодржи НЕДЕЛАTA НА АЛБАНСКИ ФИЛМ. На петдневната манифестација, реализирана од Кинотеката на Македонија и Националниот филмски центар на Албанија (Qendra Kombëtare e Kinematografisë / Albanian National Center of Cinematography) ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција.

На отворањето на НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ ќе бидат присутни Едуарт Макри (Eduart Makri), директор на Националниот филмски центар на Албанија, и Н.Е. Фатос Река (Fatos Reka), амбасадор на Република Албанија во Скопје.

НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ започнува со МОЕТО ЕЗЕРО (Liqeniim / My lake) на Ѓерѓ Џувани (Gjergj Xhuvani), веројатно еден од најпознатите и најуспешни албански филмски автори во овој век, кој прерано почина пред две години (Тирана, 1962 – Рим, 2019). Џувани режираше девет долгометражни играни филмови, од кои на македонската публика можеби најпознати наслови и се ПАРОЛИ (Slogans, 2001) и ИСТОК, ЗАПАД, ИСТОК: ФИНАЛЕН СПРИНТ (East, West, East: The Final Sprint, 2009; делумно сниман и во Македонија), прикажувани на Скопскиот филмски фестивал. МОЕТО ЕЗЕРО има алтернативен наслов „Мојот филм“, во кој Џувани ја отсликува тридецениската приказна од „темната страна“ на албанското општетсво – трговија со дрога, насилство меѓу младите – која се повторува и повторува…

Следува ЗОРАТА (Dita zë fill / The Daybreak) на Гентиан Кочи (Gentian Koçi), дебитанско долгометражно играно остварување на овој млад режисер, кој е автор на неколку кратки и документарни филмови. ЗОРАТА е социјална драма за нужното снаоѓање во борбата за егзистенција на една млада самохранамајка.

АМАНЕТ (Amaneti / The Last Wish) е уште едно дебитантско долгометражно остварување, потпишано од Намик Ајази (Namik Ajazi), со приказна од светот на шпионите во албанската државна безбедност и желбата да се раскаже вистината во таа „игра на искривени огладала“.

ЗАСОЛНИШТЕ МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ (Streha mes reve / A Shelter Among The Clouds) е втор игран филм на Роберт Будина (Robert Budina), сестран филмаџија кој се занимава и со филмска продукција и режија, но е присутен и во театарот. Приказната на ЗАСОЛНИШТЕ МЕЃУ ОБЛАЦИТЕ, кој имаше богат и успешен фестивалски живот во Европа и светот, се одвива во милјето на едно мало планинско село во кое муслиманите и христијаните живеле во слога со векови. Главниот јунак, осамениот овчар Бесник е од мешан брак, па драстичните промени во општеството мора да го најде сопствениот пат во животот.

ДЕЛЕГАЦИЈАТА (Delegacioni / The Delegation) е уште еден успешен дебитантски наслов во албанската кинематографија, потпишан од Бујар Алимани (Bujar Alimani), кој важи за еден од најталентираните млади автори. Неговата приказна се одвива во зората на политичко-општествените промени во Албанија на почетокот на деведесеттите години, по падот на комунизмот, и желбата за рехабилитација на политичките затвореници.

На НЕДЕЛАТА НА АЛБАНСКИ ФИЛМ ќе имаме можност да видиме и кратки филмови на уште четири млади надежи на албанската кинематографија: Сокол Керај (Sokol Keraj), Бенарт Лазе (Benart Laze), Фабио Сефери (Fabio Seferi) и Раин Никола (Rain Nikolla).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ