Неисправна електрична греалка е причина за пожарот во станбена зграда во Њујорк, во кој загинаа 19 лица, меѓу кои девет деца, утврдија истражителите. Десетици луѓе и денеска се во болницс, а 13 се во критична состојба.

Пожарот предизвикан од електрична греалка во 19-катница во Бронкс оштети само мал дел од зградата, но чад извирал низ отворените врати на станот по скалите и ходниците, спречувајќи голем број луѓе да ја напуштат зградата, соопштија истражителите.

„Пожарникарите најдоа жртви на секој кат, многумина починаа поради срцева слабост и задушување“, изјави комесарот за пожарникарство Даниел Нигро.

Тој рече дека се истражува како се проширил пожарот и дали било можно да се преземе нешто за да се спречи или контролира пожарот.

Зградата има аларми за пожар, но неколку станари рекле дека првично ги игнорирале бидејќи често се вклучувале во зградата која има 120 станови. Вчерашниот пожар однесе најмногу животи од 1990 година, кога во подметнат пожар во клубот „Хепи Ленд“, исто така во Бронкс, загинаа 87 луѓе. А.Р.