четврток, април 25, 2024
домаЖивотНекои бебиња родени од мајки кои имале корона вирус веќе имаат антитела,...

Некои бебиња родени од мајки кои имале корона вирус веќе имаат антитела, тврдат научниците

Некои бебиња родени од мајки кои имале корона вирус веќе имаат антитела на болеста, откриле научници од Велика Британија, а пренесе „Дејли мејл“.

Д-р Патрик Обрајан, претседател на Кралскиот колеџ за гинекологија, рече дека мал број новороденчиња развиле имунолошки одговор на вирусот додека тие сè уште биле во матката на нивната мајка.

Антителата се произведуваат како одговор на инфекцијата, а имунолошкиот систем ги користи за да се одбрани од вирусот ако се врати во иднина.

IgM антителата што телото ги создава кога за прв пат се соочува со инфекција не можат да се пренесат од мајка на бебе преку плацентата, што значи дека бебињата создале свои антитела.

Други форми на антитела, како што се IgG антителата, се сеќаваат што треба да нападнат години подоцна, ако се појави истата инфекција.

Ова укажува на тоа дека мајките ја пренесуваат инфекцијата со коронавирус на бебињата во матката, дилема за која долго време се расправаше откако избувна пандемијата на корона вирусот.

Откритието е објавено во една голема студија спроведена во Велика Британија, во која учествувале 427 бремени жени кои биле заразени со корона вирусот ширум земја. А.Н.

RELATED ARTICLES

Most Popular