четврток, април 25, 2024
домаЖивотНема датум за отворање на градинките, но и решение за родителите на...

Нема датум за отворање на градинките, но и решение за родителите на кои им истече породилното за време на пандемијата

– Градинките се уште не може да ги отвориме, бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. училишната година заврши, апелирам до родителите, да им укажат дека треба да носат маски и да не се групираат, иако младите поретко заболуваат и се најчесто асомптиматски но ја шират заразата, рече министерот Филипче на денешната прес конференција.

Кога станува збор за носење маски, СЗО и Американскиот Центар за превенција од заразни болести преорачуваат маски за деца над 2 одноно 5 години.

На прашањето на ТЕХТ.МК дали има проценка кога е најбрзиот датум од кога градинките ќе може да се отворат, тој рече дека не може точно да каже кога би можеле да почнат со работа градинките. Тој потенцира дека на неделна основа се анализираат податоците, бројките, и дека тековно ќе се одлучува.

Исто така повторно се префрла топката од еден на друг во однос на решението за родителите кои се останати дома поради тоа што им е завршено породилното и се останати дома бидејќи децата нема каде да ги остават, а не можат ниту да земат потврда од градинка бидејќи не се запишани, со што пред работодавачот би го оправдале останувањето дома. Филипче изрази уверување дека може да се реши административниот проблем, како што рече, во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

И додека од едно до друго минситерство не можат да се договорат колатерална штета на пандемијата се токму овие родители и нивните деца. Поминаа три месеци и се уште не може да се најде решение.

Мајките реагираат дека и годишните одмори ги искористиле и дека газдите повеќе не ги толерираат.

Н.Д.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ