Министерот за надоворешни работи, Бујар Осамни пресече и кажа не на двојните државјанства во македонската дипломатија. Имено, според неговата одлука нема да има амбасадори со двојно државјанство.
Колку за потсетување, откако опозицијата најави дека ќе го блокира предлог – Законот за надворешни работи, а власта го повлече, денеска министерот Османи, потврди дека дипломати со двојно државјанство нема да можат да бидат избрани за шефови на ДКП и амбасадори.

Согласно новиот Закон, кој се очекува да го усвои Собранието, 75% од амбасадорите ќе бидат дипломати од кариера, а останатите ќе бидат политички, иако во предлог Законот се бараше поголем процент од амбасадорите да доаѓаат од МНР. Важно е дека ќе се воведе јасен систем на кариера, со дистинкција меѓу дипломатите и административните службеници. Според предложените измени дипломатите ќе бидат посебна категорија и тие ќе се вработуваат преку мерит-систем, додека пак административно – техничките служби ќе продолжат да се водат согласно одредбите од Законот за административните службеници.

Османи денеска побара да се деблокира работата на Собраниската Комисија за надворешни работи, а со цел да продолжат интервјуата за амбасадори кои треба наскоро да бидат испратени на своите нови позиции, најави и дека допрва ќе се дискутира за амбасадори во Вашингтон, Софија, Анкара, Каиро, Бразилија, Отава и Тел Авив, како  и за генералниот козулат во Торонто кои се уште немаат шефови на мисии. Дополнително на постојните амбасади МНР покренува иницијатива за отворање и на мабсада во Словачка. Засега не се открива чии имиња се држат во ракав, иако низ кулоарите се споменуваат имиња кои ако се покажат како точни же бидат вистинско изненадување за многумина.

Н.Доковска