Меѓи 119те заразани со корона вирусот на крузерот „Елефтериос Венизелос“ има и странци и дел од персоналот ангажиран на бродот, но засега нема информации дали има и македонски државјани.
Бугарските медиуми пренесоа дека има еден Бугарин  меѓу заразените, а србските медиуми информираат дека има три нивни државјани.

„Грчките здравствени власти ги ставија пациентите под медицински надзор на бродот. Тие се од повеќе националности“ – изјави на денешната прес конференција   заменик министерот за цивилна одбрана на Грција,  Никос Хардалиас.

Ферибот патувал за Шпанија со 349 патници и членови на екипажот. Но, поради наметнатиот карантин, шпанските власти одбија да го прифатат и бродот се врати. Турција исто така одбива да го прифати.

Бродот престојувал неколку дена  во близина на Пиреја и вчера грчките власти му дозволиле да се насука на безбедно место.
Патниците со негативни примероци на тестот се ставени во карантин во Атина.

Н.С.