На новинарско прашање која е најниската единица на антитела за да може лицата да се вакцинира, министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема граница. Тој потенцира дека лицата кои имаат прележано корона вирус, веќе после 2-3 месец може да се вакцинираат.

Тој уште кажа дека нема никакви насоки за тестирање на крвта на оние кои примиле вакцина „Астра Зенека“, бидејќи нема информации за нус појави кои се јавуваат меѓу 5 и 21 ден од примање на вакцината.

На прашањето, пак, зошто матични доктори од Ресен и Битола не ги прифаќаат ПЦР тестовите направени од приватната болница „Плодност“ од Битола, Филипче кажа дека лабораторијата на оваа болница е регистрирана за правење на тестови и дека тие се валидни.

Н.Д.