До Владата ќе се препорача сите досега донесени мерки да останат на сила, одлучено е денеска на состанокот на Комисијата за заразни болести на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот, информира министерството за здравство.

Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното. А.Р.