Албумот “Круг” е последното звучно сведоштво снимено од култниот бенд “ЕКВ”, на акустичниот концерт што се одржа во мај 1994 година во Приштина, само половина година пред да почине Милан Младеновиќ. Но, долго се веруваше дека оваа речиси митска снимка е изгубена.

Со двојно ЦД, снимка од овој концерт, издание на “Mascom” се става точка на опусот на еден од најзначајните домашни рок групи и “кругот”, навистина, се затвора (по изданието “Над градот”, снимки од концертот од Сава центар во 1993 година).
“На неодамна објавениот албум „Круг“ инструментите се сведени на акустична гитара и пијано. Милан и Маргита останаа сами по се, но тоа, според материјалот снимен на овој двоен концерт, но тоа воопшто не ги спречувало во обидот, во секое време да го дадат најдоброто што го знаат. Очигледно – и правилно – одлучуката новите околности да ги прилагодат на себе (наместо обратно) се создаде уште една инспирирана и светла варијација на ЕКВ, за која што е само тажно што не успеа се уште да трае. Сведена на основи, исклучени од се, освен прилагоден микрофон, музиката на ЕКВ е претставена во поинаква форма, но со истото ниво на страст и комплетни, несебични предавања. Во таа смисла, настапот на Милан и Маргита чија снимка се наоѓа на овој албум е возбудлив и претставува ексклузивно сведоштво за достоинствена смиреност и извонредна кариера ” вели Александар Жикич, музички критичар и автор на една од најважните книги за ЕКВ – “Град во снежна бура.”
Еден од луѓето кои директно соработуваа со членовите на групата “Екатарина Велика” е и српскиот уметник Вук Видор, кој за нив ги правеше насловните страни на албумите “Љубов”, “Само неколку години за нас” и “Дум Дум”, и редизајн на последниот албум. Како што вели, ЕКВ секогаш се поврзува со еден вид “темна естетика”. “Тие беа сериозен рок бенд, направија сериозна песни кои ниту се среќни, ниту комерцијални. Очигледно беше дека нивниот визуелен идентитет требаше да биде огледало на тоа. Во студиото, ги слушав песните и уште таму, на лице место ги добивав првите асоцијации, а тие обично беа отворени за сите мои предлози, бидејќи јас го принудував Милан да го стави пиштолот на главата, да исплука куршум…Конкретно тој куршум беше симбол на неговата поезија и неговата зборови, она што тој го напиша. ”