Како што дознава ТЕХТ.МК, се уште неофицијално, Комисијата за заразни болести ќе предложи границите на нашата држава кон соседите да се отвори на 15 јуни. Комисијата за заразни болести во соработка со Министерството за здравство и во консултации со соседните земји, донеле ваков предлог кој ќе и го достават на Владата. Се очекува Владата да ја донесе и објави Одлуката.

На 15ти јуни своите граници ќе ги крене и Грција, а Србија и Бугарија тоа веќе го направија. Се очекува и Албанија и Косово да го сторат истото, додека Црна Гора пред два дена донесе одлука да им забрани влез на македонските државјани во нивната земја.

Н.Д.