Македонија е на врвот на листата на земји во Европа со најзагаден воздух, покажа извештајот на Европската агенција за животна средина.

Македонија е рангирана како најзагадена земја во Европа со загадување до 10 пати повеќе од препорачаното ниво.

„Густиот сообраќај и употребата на печки за греење на дрва и фосилни горива предизвикуваат зголемување на загадувањето на воздухот, а се повеќе луѓе бараат медицинска помош“, објави „Јуроњуз“.

Оваа телевизиска мрежа забележува дека Владата на Македонија направи амбициозен план за подобрување на квалитетот на воздухот за 50 отсто во текот на следните две години.

Од друга некои европски градови како шпанскиот Понтеведра, успешни еколошки стратегии спроведуваат две децении наназад. Имено, Понтеведра не дозволува возилата да сообраќаат низ градот веќе 19 години, со тоа намалувајќи ја бучавата на улиците кои се полни со пешаци, а аеро-загадувањето е намалено за 61% од 2013 година. Од 2009 година нема ниту еден смртен случај во сообраќајни незгоди, а 70% од патувањето се одвива пешки. Забраната стимулираше и миграција кон центарот на градот каде од 1999 година се доселиле 12.000 жители.  Без сообраќајниот метеж и загадувањето подобро се живее, благодарение на подземни паркинзи за возила на периферијата на градот кои ги заменија уличните паркинзи со што се отстрани главниот причинител за метежот – потрагата по слободно паркинг место.

This Spanish City Banned Cars – and Residents Say It’s Paradise

In Pontevedra, Spain, success smells like clean air. (via World Economic Forum)

Публикувахте от Climate Reality в Понеделник, 24 септември 2018 г.