четврток, април 25, 2024
домаНетанјаху со петти пат мандат во владата на Израел

Нетанјаху со петти пат мандат во владата на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обезбеди петтиот мандат со тесна победа над неговиот противкандидат Бени Гана на парламентарните избори, објавија три израелски телевизиски станици.

Според неофицијални информации, неговата партија Ликуд ќе има речиси ист број места како и сината и белата партија, предводена од Бени Ганц.

И Нетанјаху и Ганц прогласија победи додека сеуште се бројат гласовите, но се очекува Ликуд да формира десничарски блок со своите сојузници, што ќе му обезбеди 65 места во Кнесетот кој има 120 места.

Ова ќе биде четврти последователен, или вкупно, петти мандат за Нетанјаху, со што ќе го преземе рекордот за најдолг стаж на функцијата премиер од основачот на Израел Дејвид Бен-Гурион, пишува „Дејли мејл“.

Нетанјаху доцна синоќа за новинарите изјави дека ова е ноќ на неверојатна победа.

„Израел уште еднаш, по петти пат, ми ја довери државата, дури и со поголема доверба“, рече тој.

RELATED ARTICLES

Most Popular