четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеНе е важно кои се Македонците што се наоѓаат на бродот, важно...

Не е важно кои се Македонците што се наоѓаат на бродот, важно е како ќе му се спротиставиме на вирусот

Бројот на инфицирани на бродот за крстарење закотвен во Јапонија постојано се зголемува. Последните информации говорат дека резулатите покажуваат дека има нови 41 патник заразени од вирусот, со што вкупниот број на пациенти на лусксузниот крузер се искачи на 61.

Колку за потсетување, крузерот „Дијамант принцес“, со околу 3.700 луѓе, меѓу кои и повеќе државјани од регионот и 3 Македонци, е ставен во карантин две недели, во јапонското пристаниште Јокохама во понеделникот, откако патник кај кој е регистриран вирусот слетал во Хонг Конг.

Неодамнешните тестови спроведени на 273 лица кои или покажале симптоми или биле во близок контакт со оние што направиле, покажале дека 61 лице е заразено, соопшти јапонското Министерство за здравство.

Од 41 нови случаи, 21 се јапонски, рече министерот за здравство Какунобу Като на прес-конференција.

Она што нас не интересира е дали има и кои се македонските патници на лускузниот брод. Но, информациите кои доаѓаат од македонските дипломатски претставништва се многу штури. Освен информацијата дека на бродот имало тројца македонски државјани, нема други информации. Се уште се чекаат!

Министерот за здравство потврди дека вчера стигнала информацијата дека на бродот заробен во Јокохама, Јапонија поради коронавирусот, има и тројца македонски државјани, како и уште еден наш државјанин кој се наоѓа во карантин во Франција.

И толку!

Србија информираше дека на несреќниот крузер имало 14 српски државјани и дека сите тие биле ангажирани како персонал. Српските медиуми дури поделуваат преписки со лицата на бродот во карантин, а пред неколку дена најавија и дека организирано ќе ги вратат нивните државјани дома. Истото се случи и со Бугарија која постојани информира на бројот на нивни државјани во Кина и бара начин како да ги врати дома.

Ние, пак, се уште немаме информација ниту колку македонски државјани се наоѓаат во Кина. Ако се има предвид дека има многу наши бизнисмени кои соработуваат со кинески компании, одат на многуте саеми кои таму се организираат, студенти, како и наши луѓе кои таму живеат, се претпоставува дека државата треба да ја знае бројката на тие луѓе. Македонската амбасада во Пекинг најмалку што треба да има е бројот на нејзини државјани во Кина!

Она што нас најмногу не интересира е кои се луѓето на кузерот и како стасале таму, за да имаме што да „трачаме“ во меѓувреме, а никој не информира како ќе му се спротивставиме доколку не „нападне“. Освен од ИЈЗ од каде што добивме детална инфромација како ќе се тестираат граѓаните кои ќе бидат сомнителни, нема други информации.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ