четврток, април 25, 2024
домаКујна„Не е шега: дискриминација и цензура“ во Музеј на Македонија

„Не е шега: дискриминација и цензура“ во Музеј на Македонија

Во периодот од 1 до 10 април во Музеј на Македонија ќе се одржи настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“. Овој настан ќе содржи изложба на плакати, кино проекција, трибина, работилница, промоција на книга и џез концерт поврзани со дискриминацијата и цензурата во денешните и минатите општества.

Настанот е резултат на соработката помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Музеј на Македонија, коишто неодамна потпишаа меморандум за соработка, така што оваа манифестација е првата во редицата други коишто следуваат во иднина. Првичната идеја за овој настан произлегува од соработката помеѓу Правниот факултет и Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што се реализираа студентски конференции и изложби на плакати поврзани со дискриминацијата и цензурата. Оваа институција во соработка со Музеј на Македонија ги прошири содржините поврзани со овие теми, така што освен изложбата вклучува и други активности во кои ќе се дискутира за овие исклучително битни и сè уште актуелни општествени процеси.

Не случајно овој настан започнува на 1 април, денот на шегата, која што не ретко се однесува на исмевање на другиот. Во таа смисла, исмевањето претставува опасна подлога за говор на омраза, дискриминација, дури и цензурирање на другоста. Затоа овој настан преставува вистинска можност да се прикажат формите на дискриминација и цензура, но воедно и да се говори за нив во рамки на македонското општество коешто изобилува со дискриминација по многу основи: национална, верска, политичка, сексуална, родова, културна, научна итн. Од тие причини, овој настан ќе има за цел да истакне дека единственото нешто што заслужува да биде дискриминирано е цензурата, и дека само дискриминацијата треба да биде цензурирана.

Организатори се Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (Ликовна академија, Правен факултет, Музичка академија), Музеј на Македонија иДебатно кино „Контра Кадар“. Куратор на изложбата e вон. проф. м-р Јана Јакимовска, a kоординатор на програмата доц. д-р Гоце Наумов.

ПРОГРАМА:

1.4.2018 (недела),
20:00 – мала изложбена сала на Музеј на Македонија
Свечено отварање на студентска изложба „Цензура“ на студентите од Ликовна академија при Универзитет „Гоце Делчев“

3.4.2018 (вторник)
19:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Филмска проекција и дискусија во организација на Дебатно кино „Контра Кадар“

4.4.2018 (среда)
12:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Трибина на тема „Цензура во уметноста и науката

5.4.2018 (четврток),
10:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Работилница за изработка на плакати предводена од вон. проф. м-р Јана Јакимовска на тема „Миграции

10.4.2018 (вторник),
20:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Промоција на публикација „Не е шега: дискриминација и цензура

21:00 – кино сала на Музеј на Македонија
Концерт на студентите од Џез одделот на Музичка академија при Универзитет „Гоце Делчев“ под раководство на вон. проф. м-р Тони Китановски

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ