четврток, април 25, 2024
домаЖивотНе лајкајте страни што ветуваат мотори и базени - од наградите вие...

Не лајкајте страни што ветуваат мотори и базени – од наградите вие не добивате ништо, само без пари ги давате вашите податоци

Во време кога граѓаните повеќе време поминуват дома и не се одлучуваат даа шетаат по продавници, голем број на страни на своите фејсбук профили ја користат ситуацијата и споделуваат објави со цел да привлечат поголем број на лајкови. Па така, деновиве по фејсбук постојано кружи покана да се лајкне страна, да се сподели истата и да се напише коментар, а сопственикот на страната ќе додели 50 базени…Ако пролистате низ профилот ќе забележите дека неговиот сопственик не само базени, туку дели и моторчиња и мотори на 4 тркала…Па така страната на фејсбук иако нема сопственик, е многу дарежлива?! Но, тука не завршува приказната – нејзините други профили со ист или сличен хаштаг ги подаруваат истите производи. И по бројка -50…А, во повикот до граѓаните да лајкаат стои дека станува збор за голема наградна игра?! Но, нема кој ги добива наградите!

Граѓаните, пак, веројатно не знаејќи дека на овој начин се прибираат нивните податоци кои потоа се користат  да ги „бомбардираат“ со информации за нивни производи, а може и за други дејности, лајкаат надевајќи се дека ќе бидат новите сопственици на базен, мотор…

Прашање е што прават испекциските служби и дали ги следат ваквите наградни игри? За некој да организира наградна игра и да доделува награди, а уште повеќе мотори, нели тоа треба некаде да биде пријавено? Прашање е кој тоа го контролира?

Затоа, не наседнувајте и не лајкајте вакви страни и заштите се од злоупотреба на вашите податоци!

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ