Протестите во САД ескалираат од  час во час и се проширија во 140 американски градови, а претседателот Трамп ноќта ја мина во бункер од страв.

Минатата ноќ во Лас Вегас бил застрелан еден полицаец во главата во еден од двата пукања што се случиле за време на протестот за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, јавуваат локалните медиуми.

Полицаецот бил застрелан во близина на хотелот и казиното „Циркус“. Според локалните медиуми, полицаецот  се борел со еден од осомничените, кога некој му пристапил одзади и го застрелал. Второто пукање се случило во близина на зградата на федералниот суд, каде полицајците неколку пати го удрија осомничениот, кој пукаше во судницата.

Инцидентите се случија на четвртиот ден од протестите во градот. Тензиите меѓу полицијата и демонстрантите растат, иако организаторите повикаа на мирни собири. Околу 300 лица беа уапсени во првите четири дена од протестот.

Она, пак што беше информација број еден во САД, а е поврзано со насилната смрт на Флојд, е дека поранешниот американски боксер Флојд Мејведер објави дека ќе ги преземе трошоците за погребот на Џорџ Флојд, 46-годишниот Афроамериканец чија смрт предизвика бран протести во САД, јавува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на американските медиуми.

Сега 43-годишниот Мејведер, најбогатиот спортист во светот, му понуди на семејството на  Флојд да ги сноси трошоците за погребот, што ќе се одржи на 9 јуни во Хјустон, и други трошоци, а семејството веќе ја прифати понудата. Според извори блиски до Мејведер, боксерот ќе ги плати и трошоците за комеморациите во Минесота и Северна Каролина.

Флојд почина минатата недела по полициската бруталност. Неговата смрт предизвика бран протести во САД против полициското насилство и расизмот. Бројни познати спортисти, исто така, се приклучија на протестите.

Мејведер, кој се пензионираше откако беше непоразен во 50 борби и кој освои пет титули во светскиот шампионат, веќе ги плати погребните трошоци за еден од неговите ривали. Тој ја освои својата прва светска титула во 1998 година, кога го победи Генар Хернандез во борбата за појасот на ВБЦ во категоријата супер тешка категорија. Хернандез почина 13 години подоцна од рак, а Мејведер ги покри трошоците за погребот.

А.Накова