четврток, април 25, 2024
домаКујнаНики Лауда си ја врати авиокомпанијата „Ники“

Ники Лауда си ја врати авиокомпанијата „Ники“

Поранешниот светски шампион во Формула 1 Ники Лауда ќе ја купи банкротираната австриска авиокомпанија „Ники” која ја основаше пред 15 години, но каде го продаде својот удел во 2011 година.

Австриската новинска агенција АПА објави дека компанијата на 68-годишниот Лауда „Лаудамушн“ги победила ривалите, вклучувајќи го и конзорциумот на британско-шпански ИАГ во обид да ја спаси компанијата „Ники“. Деталите за понудата не се објавени, наведува АП.

Во септември, во партнерство со британскиот “Кондор”, Лауда состави понуда од 100 милиони евра за “Ники”, но беше одбиена во корист на “Луфтханза”. Германскиот гигант, сепак, ја повлече понудата, поради изразените резерви од Европската комисија. Нискобуџетната компанија „Ники“беше гранка на пропаднатиот „Ер Берлин“, кој запре со работа кон крајот на октомври, додека „Ники“ продолжува да лета.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ